Лесната челична конструкција е одлична алтернатива за изработка на помали индустриски објекти во однос на традиционалните конструкции за кои е потребна квалификувана и скапа работна рака, и додатни алати и машини, за кои е потребно во близина да има стабилна електрична енергија. Со нашите решеткасти конструкции лесно, без дополнителен алат и тешки градежни машини како дигалки и кранови, освен лесен батериски алат, можат за краток период да се изработат стабилни структури за Вашите потреби. Со профилот LSC 140 имаме слобода за изработка на распони и до 10 м, со што се добива слободен корисен простор за секаков вид на лесна индустрија, складишен простор – магацини, штали за чување на стока, хладњачи, автосервиси итн.
Предности на оваа технологија: лесна за инсталирање-монтажа, стабилна и цврста конструкција, отпорна на земјотрес, пожар и вода, заштита на околината, заштеда на енергија.