Нашата CNC линија за производство на профили според методот на постепено оформување на профилот поминувајќи низ серија на валци, а потоа низ серија преси за отсекување и пробивање произведува два профили со следниве димензии: LS90 и LS140 Со димензии прикажани на скиците подоле.
За полесно и системско меѓусебно поврзување на профилите, како и за пробивање на отвори за инсталации-водовод и електрика, можни се следните оформувања на профилот, прикажани на скиците подоле.
Поврзувањето на профилите може да се изведе на два начини кои претходно се дефинираат, и тоа со челична поп-нитна со дијаметар од 4,8 мм и должина од 16 мм или со специјална завртка за лесни челични конструкции со дијаметар од 4,8 мм и должина од 15 мм.
Можни операции со чија помош се оформува лесната челична решетка.
• Отвор за завртки или поп-нитни
• Израмнување на отворот
• Отвор за инсталации
• Отвор во профилот
• Стеснување на профилот
I ИЗВЕДБИ НА ПРОФИЛИ
Отвор за завртки или поп-нитни
Отвор за инсталации
Отвор во профилот
Стеснување на профилот
I ТИПОВИ НА ПРОФИЛИ
Профил LSC 90
Профил LSC 140
Во производниот процес користиме високо квалитетен суровински материјал DX51-D или S 350 GD со поцинкуван слој од 140 гр/м2 или поголем. Погоре се прикажани можните операции кои може да се аплицираат на профилите за да се овозможи лесна изработка на претходно дефинираните димензии и форма на решетката за изработка на целата конструкција. Нашата CNC линија со толеранција за можна грешка од 1 мм овозможува лесна и прецизна изработка на решетката од профилите за лесна челична конструкција.