Носивоста, јачината, слободата во дизајнирањето и монтажата на лесните челични конструкции овозможува истите да најдат примена во реновирањето на стари објекти, како и оформувањето на нови објекти.
На старите објекти може лесно да се изведе реконструкција на кровната површина, или пак замена на подната конструкција, а поради својата мала тежина не ја доведува во прашање стабилноста на стариот објект.
На рамните кровови на кои има потреба да се изведе кровна конструкција многу лесно без употреба на кранови и дигалки може да се изведе решеткаста конструкција со насочување-падирање на наклонот за водење на водата до саканата локација.