Ние ги користиме најнапредните инженерски софтвери достапни за дизајнирање на конструкции за изработка на проектни решенија.
Видете повеќе деталиБрзи и лесни конструкции
ПРОФИЛИ ЗА ЛЕСНА ЧЕЛИЧНА КОНСТРУКЦИЈА
ГАРАНТИРАН КВАЛИТЕТ! НАЈЕВТИНИ РЕШЕНИЈА КАЈ КОНСТРУКЦИИТЕ
Ние нудиме квалитени структури, иновација и професионализам!
СЕРТИФИЦИРАН
СИСТЕМ
Лесните челични конструкции се карактеризираат со намалено време како за изработка, така и за монтажа на истите во споредба со класичните начини на градба.
Лесната челична конструкција е исто така лесна за изведба и монтажа на било каков вид и намена на објектот.
Имајќи во предвид дека лесните челични конструкции се припремаат во работилница во контролирани услови, може да се монтираат во било кое годишно време и локација.
Плафонските и ѕидните површини со правилно одбран материјал ги имаат највисоките вредности на термичка и звучна изолација. Ние ги препорачуваме производите на Rigips кои исто така можете да ги нарачате во Форминг ДООЕЛ.
Имајќи во предвид дека ваквиот тип на градба има ниски трошоци за одржување и цена при самата изведба, се добива вкупен најдобар сооднос цена-квалитет.
I НАШИ УСЛУГИ
Ние ги користиме најнапредните инженерски софтвери достапни за дизајнирање на конструкции за изработка на проектни решенија.
Видете повеќе деталиНие ги произведуваме профилите SL 90 и SL 140 и истите ги користиме за изработка на решетки-панели кои се дел од финалната конструкција.
Видете повеќе деталиНашето искуство во изработката на профили од поцинкуван челичен лим е гаранција за финалниот производ.
Видете повеќе деталиI ЛЕСНИ ЧЕЛИЧНИ КОНСТРУКЦИИ
Ниска цена на одржување на градбата со текот на времето.
Одличен комфорт при користење на градбата поради одличните изолациони термо-акустични карактеристики.
Висока отпорност на земјотрес, пожар и други надворешни влијанија.
Брзата градба без отпаден материјал, поради претходно припремени делови од конструкцијата во нашата фабрика, со помала работна снага, како и намалената потреба од дигалки и кранови за монтажа, добивате ниска цена на цена на градење.
Со појавата на елементите за сува градба и нивниот непрекинат развој доведе до идејата на изработка на конструкции изработени од челичен поцинкуван лим со дебелина од 1 мм до 1,2 мм и системско решавање на предизвиците во монтажата на градежни објекти од најразновиден вид и намена.
Со припрема на делови од решеткастата конструкција во контролирани услови на нашата фабрика се олеснува и забрзува финалната монтажа на целата конструкција и се добива прецизен и квалитетен краен производ.
По оформување на конструкцијта се монтира термо-акустичната изолација и специјалните гипс картонски плочи за надворешна и внатрешна употреба од производната програма, на Rigips кои исто така можете да ги најдете во нашата продажна понуда.
Исто така покрај овој вид на материјали можат да се користат и сите други достапни градежни материјали од OSB плочи, иверици, панели од лим, лим, шиндра, алуминиумски и PVC панели, со што се дава слобода на сите архитекти во остварување на нивните идеи и барања.
Лесната челична конструкција комбинирана со брзата и лесна монтажа е одличен избор за оние кои што сакаат да добијат еколошка, безбедна и квалитетна градба.
Со изработка на елементите од конструкцијата според однапред дадени димензии и со употреба на елементи од сувата градба се овозможува лесна достава до самиот објект на градење, намален до минимум градежен отпад, со што добивате еколошка градба.
Лесната челична конструкција е неверојатно јака и отпорна на надворешни влијанија, а воедно доволно едноставна за монтажа, при што не е потребна дополнителна тешка градежна опрема, со што се намалуваат трошоците, времето за финална изработка, отпад и енергија.
Со однапред приготвените решеткасти конструкции во нашата фабрика се елиминираат сите дополнителни потреби од алат и опрема, како алат за заварување за кои е потребна стабилна електрична енергија. Готовите елементи можат да се монтираат со стандардни врзивни елементи и основен алат на батерии без дополнителна потреба од инсталации во тешко пристапни терени.