Forming Forte

ИЗРАБОТКА НА КУЌИ И ВИКЕНДИЦИ СО ПОМОШ НА ЛЕСНА ЧЕЛИЧНА КОНСТРУКЦИЈА

ЕДНОСПРАТНИ КУЌИ
ЕДНОСПРАТНИ КУЌИ СО ПОДКРОВЈЕ
ДВОСПРАТНА КУЌА
ДУПЛЕКС КУЌИ

ФОРМИНГ ФОРТЕ ги произведува профилите за лесна челична конструкција од челичен поцинкуван лим со дебелина на лимот од 1 мм до 1,2 мм и тип на профил SLC 90 и SLC 140 со кои што можат да се изведат едноспратни индивидуални куќи, куќи со спрат и поткровје, двоспратни куќи, како и куќи со рамен кров.

Предностите од ваквиот тип на куќи се многубројни, а овде би ги издвоиле следните:


СЕИЗМИЧКА ОТПОРНОСТ
Челичните конструкции се до 7 пати полесни од конвенционалните структури, а воедно со еластичноста и јачината што ја поседуваат решеткастите структури даваат на целиот систем стабилност и отпорност на земјотреси.

ДОЛГОТРАЈНОСТ
Поцинкуваниот слој на челичниот поцинкуван лим дава долговечност на носивиот дел од конструкцијата. Челикот е отпорен на пожар, не согорува и не го напаѓаат габи и инсекти како на дрвените конструкции. 

ЕСТЕТИКА
Елиминирани се сите можности за грешки со користење на софтверските решенија, а нашата CNC линија ги произведува профилите со точност на изработка од 1 мм. Нашиот конструктивен систем дава голема слобода на архитектите во остварување на своите дизајнерски идеи и барања. 

БРЗА ГРАДБА
Со добра припрема на деловите од лесната челична конструкција во нашата фабрика и добра организација на самата локација на градење, целата куќа може да се изработи за неколку дена. Ние решеткастите делови ги склопуваме во контролирана средина, водени од одличниот тим, како и со помош на софтверските решенија.

ПРОФИЛИ ЗА ЛЕСНА ЧЕЛИЧНА КОНСТРУКЦИЈА

I РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ