Форминг форте ги произведува профилите за лесна челична конструкција со методот на пластична деформација на поцинкуваниот лим, поминувајќи низ серија на валци, со што се оформува профил со бараните димензии и јачина. Материјалот што го користиме за производство е со дебелина од 1 мм до 1,2 мм, а профилите се со димензии:
LSC 90 ги има следните димензии: заб 8 мм, страна 45,5 мм, основа 90 мм, страна 45,5 и заб 8 мм.
LSC 140 ги има следните димензии: заб 8 мм, страна 45,5 мм, основа 140 мм, страна 45,5 и заб 8 мм.
Производниот процес се одвива со помош на високотехнолошка CNC линија која покрај основното оформување на профилот извршува 5 различни операции кои овозможуваат вклопување на профилот во една целина, во носечка решеткаста конструкција.
Веднаш по оформувањето на профилот во нашата фабрика во строго контролирани услови, според однапред дизајниран проект се изработува решетката.
Материјалот што го користиме е претходно поцинкуван што му дава антикорозивна заштита на челиот , а со тоа издржливост на надворешните влијанија. Воедно трошоците за одржување се намалени на минимум.
Во дел од оваа интернет страница можете да ги најдете подеталните информации за дизајнот на профилите и типот на операциите што ги изведуваме.